Десниот бек на Ривер Плата, Алекс Виго и официјално е нов член на Црвена Звезда, потврди српскиот клуб на социјалните мрежи.

Виго има 24 години, а претходната сезона ја мина на позајмица во Индепедиенте, бидејќи не беше во плановите на тренерот Мартин Демикелис.

Виго во Звезда пристигнува на едногодишна позајмица со опција за купување за 2.600.000 евра.

Многу веројатно Виго конечно ќе стави крај на проблемите на Црвена Звезда на десната бековска позиција на која во последно време играа Марко Гобељиќ, Милан Гајиќ, Кристијано Пичини и Страхиња Ераковиќ.