По повод 17 март, Ден на крводарителството во Република Македонија денеска во Скопје ќе се одржи свечен настан во организација на Црвениот крст.
– Доброволното крводарителство во нашата земја има за цел да се мотивираат што поголем број на луѓе доброволно да даруваат крв која е неопходна за лекување на болните и повредените. Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност и има воспитно значење кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест, наведуваат од Црвен крст на Република Македонија.
На настанот, посочуваат, ќе присуствуваат претседателот на Црвениот крст Ромел Велев, генералниот секретар на Црвен крст Саит Саити и министерот за здравство Беким Сали.
– Во знак на благодарност министерот Сали ќе ги врачи признанијата на 16 општински организации на Црвениот крст кој го исполнија планот за крводарувањето во 2021 година, најавуваат од Црвениот крст.