Вчера имаше вкупно 34 пожари на отворен простор од коишто два се се уште активни, но со намален интензитет, извести Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Прилеп кај село Тополчани, каде што гори ниска вегетација и во Општина Гевгелија кај село Селемли.
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 32 пожари, во Општина Студеничани 2 – село Цветово (каде што горела ниска вегетација) и кај село Студеничани (ниска вегатација и шума); општина Зелениково – село Гумалево (ниска вегетација и шума); општина Бутел – село Радишани кон село Лубанци (ниска вегетација); општина Аеродром – улица „Тодор Чангов“ (ниска вегетација); општина Арачиново; – горела депонија кај страиот пат Арачиново-Куманово; во општина Петровец горело на две места, во село Трубарево и село Коњаре (ниска вегетација и ѓубре).
Пожари имало и во општина Гази Баба – Парк шума „Гази Баба“ (ниска вегетација и шума); општина Илинден – ул. „19“ бр.2 (ниска вегетација); општина Радовиш – покрај магистралниот пат Радовиш – Струмица (сува трева и ниско стеблеста шума); општина Штип 2 пожара – кај с.Пиперово и кај с. Радање (ниска вегетација и шума); општина Охрид – с.Песочани (ниска вегетација и трње и деградирана вегетација); општина Македонски Брод – с.Драгов Дол (трње и деградирана вегетација); општина Струда, 2 пожара – на влезот во Струга и кај месноста „Заграчанска краста“ (сува трева); општина Кичево – с.Зајаз (отпад и ѓубре); општина Битола – с.Братиндол (ниска вегетација); општина Прилеп – с. Мажучиште (ниска вегетација); општина Куманово, 3 пожари – кај с.Пчиња, покрај патот Куманово – Крива Паланка и кај с.Ново Село (ниска вегетација стрниште); општина Ранковце – с, Станча (ниска вегетација); општина Тетово, 4 пожари – кај селата Требош, Пршовце, Жеровјане (ниска вегетација) и кај с. Бродец (депонија и ѓубриште); општина Гостивар, 3 пожари кај селата Чегране и Тумчевиште и кај месносната „Стари гробишта“ (каде што горела ниска вегетација) и во општина Свети Николе с.Милино (ниска вегетација).