Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.
Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.
На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријавил дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример), но сепак тоа е пријава од лице место на засегната страна. За ова се веќе се известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентал имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под стоковна куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно комбе, вкупно 15 луѓе. Ним им се помага од страна на службите според приоритет, информираат од ЦУК.