Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 22 пожари. Од нив, активен е еден, а под контрола е пожарот во околината на Чашка.

Активен е пожарот на територија на општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“. Таму гори нискостеблеста шума и сува трева.