Директно од терен се одлучува за методите и тактиките што во моментот е можно да се применат до крајот на денот, а и ако е потребно ангажирањеирање и на хеликоптерско противпожарно дејство.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека, од утрово, Ангелов остварил куса координативна средба во Барово со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров, а и со локалните сили и со дел од месните жители.
-На местото за противпожарно дејство над Барово се дојдени и дејствуваат 60 припадници од полицијата и 50 припадици на армијата заеднички со ангажираните сили од субјектите на системот за управување со кризи, здружени од повеќе општини (Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Валандово): Национални шуми, Територијалните противпожарни бригади, ДЗС, Комунални претпријатија и други субјекти од локалните четири самоуправи, а и месни жители, велат од ЦУК.
Припадниците на полицијата, што ноќта дежураа на линијата на пожарот над Барово, се повлечени.
Инаку вчера, пред да настапи мрак францускиот експертски тим дејствуваше со контра-пожар за создавање безбедна одбранбена линија над селото Барово, а денеска е ангажиран на Осој, над Раовиќ и Буковиќ.