. Извештајот вели дека состојбите над Будинарци се аларманти и е потребно засилување на противпожарните екипи. Пожарот во делчевско е активен и се појавиле и нови жаришта. Првата локација е кај селото Разловци, кај местото викано Чокалица. Пожарот е локализиран, но екипите остануваат на лице место.

Попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со раководниот тим на пожарникарите од Австрија извршил хеликоптерско извидување на беровско – пехчевскиот крај заради увид на потребите за дејствување.

ЦУК наведува дека пожарот во атарот на на село Разловци потполно е ставен под контрола, останати се дел од припадниците на Шумско стопанство и војници. Останатите екипи се упатени на потег Будинарци -Митрашинци.

Другата локација е во атарот на селата Тработи и Нов Истевник над месноста Света Вода. Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат четворица вработени од Шумското стопанство да се контролира и понатаму, а останатите лица се повлечени и упатени на другата локација кај селото Разловци.

Во овие места интервенираат делчевски пожарникари и вработени во институциите, како и припадници на војската и полицијата и две екипи од Бугарија.

Пожарот кај Нов Истевник е локализиран, на терен се припадници од шумско стопанство и од МВР.

Пожарот на територијата на Општина Пехчево се шири на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на селото Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Пожарот кој беснее во атарот на село Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на село Мирашинци каде гори борова шума.
Пожарот се шири без контрола, сите сили се распоредени поради лошиот терен, интервенираат само со помалите цистерни.
Се интгервенира со 22 војници, 60 австриски и 45 словенечки пожарникари, како и со близу сто лица – граѓани и од претпријатија.

Во 12 часот пожар избувна во атарот на општината Штип, во атарот селото Драгоево каде гори сува трева смрека и нискостеблеста шума.

Има сознанија за ново жариште кај селото Богословец на територијата на Свети Николе.

Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата. Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа.

Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Побарана е помош, од воздух бидејки пожарот е на непристапен терен, гори мешана шума, смрека, висока трева.

Пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенцијата од воздух, од земја гасењето било оневозможено.

Во Прилепско има два активни пожари на отворен простор и тоа во атарот на селата Дрен – Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума.
Последна информација добиена од ТППЕ-Прилеп е дека пожарот е локализиран но екипите се на терен.

Утрово повторно е активиран пожарот кај селото Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско. Гори дабова и букова шума и сува трева, а реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. На локацијата кај Топлица дејствува авионот „Спартан” од Романското воено воздухопловство, се вели меѓу другото во вечерниот извештај на ЦУК, во кој се наведени и други локации каде има пожари од помал обем или кое се веќе локализирани.