Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии.

До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума).

Изминатото деноноќие 29-те пожари биле во следниве општини:

– Општина Шуто Оризари, покрај ул. „Индира Ганди“ (каде што горела ниска вегетација)

– Општина Студеничани, с,Батинци (ниска вегетација);

– Општина Зелениково;помеѓу с.Вржале и с.Морани (шума);

-Општина Гази Баба, 2 пожара, Парк шума „Гази Баба“(грмушки) и кај с.Раштак (ниска вегетација);

– Општина Ѓорче Петров, с.Ново Село кон река Лепенец (ниска вегетација);

– Општина Бутел, с.Луботен (ниска вегетација и отпадоци);

– Општина Илинден, во населба „Илинден“ (стрниште);

– Општина Прилеп, 2 пожара, с.Селце(ниска вегетација) и с.Ново Селани(ниска вегетација);

– Општина Босилово, помеѓу с.Басилево и с.Пиперево (ниска вегетација и ѓубре);

– Општина Гевгелија, 3 пожари во близина на Железничка станица „Гевгелија“ (ниска вегетација и капини), кај место Прдејци (ниска вегетација нискостеблеста шума) и с.Богданци (ниска вегетација и прнар);

– Општина Радовиш, помеѓу с.Јаргулица и с.Калуѓерци (ниска вегетација);

– Општина Кичево, с.Козица (стрниште);

– Општина Чашка, с.Горно Јаболчиште (букова шума);

– Општина Неготино, с.Пепелиште (ниска вегетација);

– Општина Карбинци, с.Горно Трогерци (ниска вегетација);

– Општина Куманово, 2, кај с.Долно Којнаре кон с.Речица (ниска вегетација и стрниште) и кај с.Никуштак (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Старо Нагоричане, с.Драгоманце (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Тетово, 5 пожари, кај с.Жеровјане (ниска вегетација), с.Боговиње(картонски одпад) ,с.Одри (ниска вегетација), с.Доброште (ниска вегетација) и кј с.Палатица (ниви).

– Општина Гостивар, кај с.Старо Чајле (каде што горела нискостеблеста вегетација).