Ризик е да започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели Д-р Никола Пановски за „Плусинфо.“

Тој смета дека треба да се одржува комбинирана настава со оглед на фактот дека има премногу ученици во едно одделение и тешко ќе се почитуваат дистанцата и протоколите.

Во Шведска имаа стратегија и децата ги пуштија во училиште да се заразат. затоа не носеа маски и немаа ниту еден смртен случај, а тоа е држава со 10 милиони жители. Таму кога ќе се разболи детето останува дома а другите продолжуваат да одат во училиште. Кај нас ќе биде хаос, едно дете ќе се разболи и цел клас ќе биде во излоација, вели Пановски.