Д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника во Скопје во статус на Фејсбук пишува дека денеска биле префрлени пари кои како награда треба да ги добијат здравствените лица кои се бореа со пандемијата. Тие пари се обезбедени од Светската банка, а здравствените работници требаше да ги добијат многу порано.

Денес биле префрлени во здравствен дом фамозните 10% кои требаше да ги прими здравството многу одамна бидејќи тие средства се обезбедени од светска банка !!!
Дали можеби ги чувавте со умисла , па денес и утре ги префрлате , знаејќи дека во четврток треба да се гласа доверба на влада!?
Дали и во Желино ДУИ го отстапи градоначалничкото место заради гласањето на доверба на владата!?
Има уште многу дали, но и уште многу факти како лошо менаџирање на здравсто, образование , економија, стопанство…со кое овој народ го доведовте на просјачки стап, го сменивте името на државата, се пазарите со нивната историја со нивниот идентитет!!!
Народот ви одговори и ја изгласа недовербата на владата на локалните избори!
За жал Заев како Филипче не ја исполни поднесената оставка …се надевам дека Мила Царовска и Горан Сугарески нема да се предомислат.
Но, кога е СДСМ во прашање се е возможно.
Затоа во четврток пратениците само имаат должност да го пренесат гласот на народот:
да ја изгласаат НЕДОВЕРБАТА НА ОВАА ВЛАДА!!, пишува д-р Шопова.