Директорот на Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ порача дека најмлади пациенти на корона вирус се едномесечни близнаци.
Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје“, порача Зеќири.