Мојот брат Горан денес итно заминуваме за Турција бидејќи му беше дијагностициран агресивен КАРЦИНОМ на ЦРНИОТ ДРОБ, пишува во апелот сестрата на Горан.

Ситуацијата е алармантна и секој ден ни е борба за неговиот живот, особено што на секои три дена сме по болници за да му ја вадат течноста од градите за тој воопшто да може да земе здив.
Горан е дечкото кој многумина од вас го знаат како секогаш насмеан, вреден и посветен на својата работа.

Се се сруши пред само два месеци кога почна со силни болки во грбот, за кои на почетокот мислевме дека се нешто минливо. Кога почна да губи здив, почнавме со испитувања во државното здравство каде што изгубивме цел еден скапоцен месец без да добиеме конечни резултати, додека тој буквално ни гаснеше пред очи. Бевме принудени да побараме помош приватно, каде ја дознавме суровата реалност КАРЦИНОМ во напредна фаза.

Денес мојот брат трпи нечовечки болки, не може да спие и речиси воопшто нема апетит. Бидејќи тука се уште не можат да ја одредат точната причина за брзиот развој на болеста, денес итно заминуваме за Турција за таму веднаш да се направат сите детални испитувања.
Но, трошоците за прегледите и лекувањето таму се преголеми и ние самите едноставно финансиски не можеме да ги издржиме.

Како негова сестра, ве молам од дното на душата, помогнете ми да си го спасам братот. Донирајте колку што можете уште денес и споделете го ова за да стигне до што повеќе луѓе. Секоја секунда во моментов ни е пресудна да го одржиме Горан во живот. Ви благодарам од се срце.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

Донирајте и прочитајте ја целата прикзана на следниот линк:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/da-go-spasime-goran-od-karcinom?fbclid=IwY2xjawTF-uJleHRuA2FlbQIxMABicmlkETF1V1ROZE9qYm1hQ1RBMHVWc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHnvWFL_uAEH0dXqFbNXWPAK6SCbyUHINYIeI_Bz5aJLa9ehXQU92dyBbe3JB_aem_2cd4qsRdXGWPy5Or-YKQQQ