Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков прогласи дека Бугарија е заслужна за просветлувањето на словенските народи. Во честитката за 24 мај, тој ја нарече земјата „ослободител од незнаењето“.
- „Кирилицата ја прави Бугарија темел на словенската писменост. Бугарскиот јазик е основа на сите словенски јазици“, изјави Петков. Според него, други земји, вклучително Русија, немале писменост пред глаголицата и кирилицата. „Бугарија им даде писменост, основа за нивната култура. Ова е повод за гордост за секој Бугарин“, напиша поранешниот бугарски премиер Кирил Петков на Фејсбук.
Петков нагласи дека 300 милиони луѓе денес користат кирилица ширум светот. „Азбуката е официјална во Бугарија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Киргистан. Се користи и во Северна Македонија, Монголија, Црна Гора, Украина. Србија, Таџикистан и Русија исто така ја користат“, додаде тој. Според него, писменоста го зачувала бугарскиот идентитет низ векови туѓо владеење.
„Ако продолжиме да градиме нација на знаење и култура, Бугарија ќе просперира. Тоа е патот што ни го покажува овој празник“, порача лидерот на „Продолжуваме со промената“. Празникот до пред пет години се славел како „Ден на бугарската просвета и словенската писменост“. Петков го оцени како доказ за бугарската улога во културниот развој.