Да се најде хумано решение за бездомните животни

Ситуацијата со бездомните животни во Општина Карпош повторно се најде во фокусот на јавноста, откако кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски истакна дека мора да се најде хумано решение за справување со овој предизвик. Тој во гостување на телевизија Алфа нагласи дека згрижувањето и заштитата на животните ќе бидат врвен приоритет, со координација и со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Планови за згрижувачки центар

„Прво треба да ги видиме ингеренциите. Со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме дека има намера да се трансформираат. Би имале поголеми ингеренции па така можеби и би имале можност да формираме некаков центар да кажеме за каде што ќе ги прибираме овие животинки бездомници,“ рече Лукровски.

Тој нагласи дека идејата за згрижувачки центар е активна и дека се работи на модел кој ќе овозможи подобри услови за грижата на животните.

Соработка со здруженијата за заштита на животните

„Размислуваме за едно хумано решение. Веќе утре имаме еден состанок, дружба, со претставниците на здруженијата за заштита на животните. Една лајка е премалку. Треба да ги исслушаме и заеднички да најдеме решение. Кај мене има волја. Не треба да се сведува да кучињата бидат згрижувани од заедници на станари,“ изјави Лукровски.

Тој додаде:

„Треба да создадеме услови каде што на најхуман начин ќе ги тие кучиња и останати животнки ќе егзистираат.“