Момчето не се кае за злосторството што го направил. Нема никакви чувства за крвавиот пир што го направил. На полицијата и раскажал се, што и како планирал – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Како што пишува „Блиц“, Коста Кецмановиќ (14) кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, сам направил молотови коктели кои му биле пронајдени во ранецот.

– Татко му го носел стрелиште, многу вежбаше и се виде дека е многу вешт штом го застрела чуварот од 14 метри – додава изворот на „Блиц“.

Според нашиот соговорник, Коста пријавил насилство во актерската школа ДКЦ пред две години, кога бил во петто одделение.

– Другар од групата го удрил, по што му пукнала усната. Од Центарот за социјална работа реагираа, во Тиршова потоа напишале извештај и родителите биле повикани на разговор. Ова е единственото насилство што е пријавено врз Коста Кецмановиќ – додава соговорник.

Посочува и дека Коста подолго време посетувал психолог.

Според информациите од полицијата на терен, полицајците по апсењето во автомобилот го прашале Коста дали знае што направил, на што тој одговорил:

„Да, убив најмалку осум луѓе, а најмногу 25!

Останатите детали околу оваа случка може да ги погледнете ТУКА.