Во тек e истрагата за случајот со масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое на 3-ти мај К.К.(13) уби 9 ученици и чувар, а потоа рани уште шест, меѓу кои и наставник.
Засега сослушани се таткото В.К.(47) и мајката на М.К.(46), а како што се наведува, во Вишото јавно обвинителство наскоро се очекува сослушувањето на клучниот сведок – дадилката.
-За време на распитот во полиција, мајката меѓу другото изјави дека и дадилкатa поминувала време со синот и се грижела за него. Истражителите сметаат дека преку нејзиниот распит ќе се дознаат многу дополнителни детали од животот на момчето, а најважно е дадилката да открие каков бил навистина односот на мајката и таткото со момчето и обратно. Таа жена уште од порано ги чувала Коста и неговата сестра. Повторувам, најважно за истрагата во овој момент е да се утврди какви биле односите во куќата и дали однесувањето на момчето упатувало дека може да стори кривично дело, изјави извор близок до истрагата за српски „Телеграф“.