Огласот за работа, поставен од Amazon, сугерира дека компанијата конечно сериозно размислува за имплементација на криптовалути како опции за плаќање. Огласот бара „искусен лидер во бизнисот кој ќе ја развива стратегијата на Amazon за дигитални валути и блокчејн и план за објава на производи и услуги“.
Моментно, Amazon не им дозволува на корисниците плаќање со криптовалути. Засега е непознато кога компанијата би можела да почне да прифаќа криптовалути за плаќање на нарачките преку сајтот. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, се очекува дека и другите страници и услуги за е-трговија да почнат да ја нудат истата опција.