На синоќешното интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека обединет опозициски блок ќе го растури ова тенко владино мнозинство. Тој го повика Димитар Апасиев вистински и со конкретни потези да му се спротивстави на Зоран Заев.
Мицкоски посочи дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии за заедно настапување на престојните локални избори, затоа што, како што потенцираше – проблемите на сите се заеднички.
– Градиме мостови и коалиции со сите политички партии и можам да потврдам дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии да на овие избори уште во првиот круг во определени општини настапиме заеднички. Во една коалиција која ќе ја победи неспособноста, срамот понижувањата, криминалот, пљачката на граѓаните бидејќи солзите на мајката Македонка и мајката Албанка и Турчинка, Влаинка, Ромка подеднакво болат кога се простува од своето дете кое што поради што не добило шанса во својата држава одлучуваат да ја напуштат Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овој повик за конечно да се избориме против неспособноста, криминалот и понижувањата кои оваа власт им ги приредува на граѓаните, се однесува и на раководството на Левица.
– Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт, рече Мицкоски.
Апасиев сè уште не се произнесол на повикот опозициските партии.