Власта веќе нема да може да брка рекорди во гласање за неколку секунди какви што имаше во последните неколку циклуси.

Ова особено беше изразено во општини што се под контрола на ДУИ каде пред затворањето на гласачките места се гласаше во туѓе име и на големо се полнеа кутии.

Од овие локални избори тоа нема да биде возможно бидејќи се воведува гласање со отпечаток од прст или т.н фингерпринт.

Ова беше едно од барањата на опозицијата за колку-толку фер избори. Од ДИК велат дека е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.

Во следниот период ќе бидат набавени околу четири илјади машини кои ќе бидат монтирани во речиси сите изборни места.

Македонија го држи светскиот рекорд по брзина на гласање. „Брзите прсти“ се случија во 2018 година. На избирачкото место 0563 во општина Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот “гласале” вкупно 331 гласачи или на секој “гласач” му биле доволни по 5,4 секунди за да “гласа”.