На потерница издадена од српското МВР за кои трага и Интерпол се наоѓаат неколку лица за кои постои сомнеж дека имаат и македонски пасош.

Еден од нив е водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер. Српската и црногорската полиција распишаа меѓународна потерница по него и тој осомничен за создавање криминална организација, како и за други тешки кривични дела, меѓу кои и бројни ликвидации на ривали.

Звицер во последен момент избегнал апсење во Црна Гора, а се верува дека некој му кажал што му се подготвува. Тој е осомничен дека се крие во Латинска Америка под лажно име.

Меѓународната потерница не го заобиколи ни Јовица Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан . Интерпол Подгорица трага по него поради сомнение дека сторил кривично дело создавање криминална организација и поттикнување убиства.

Инспекторите дознале дека Вукотиќ имал комуникација со членовите на групата која планирала ликвидација на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во јануари во Тиват. Се сомнева дека Вукотиќ побегнал од Црна Гора две недели по распишувањето на потерницата во август годинава, па не е исклучено да има пријава. Кога тој беше уапсен во Турција потврди дека го користел македонскиот пасош.