Бизнисменот Мите Јовановски пред три дена на соцјалната мрежа „Фејсбук“ ја пофали владејачката СДСМ затоа што одлучила да не го кандидира градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, затоа што како што вели „ми зема 100.000 евра“.
Сепак, од општината објаснија дека не се работи за никаква изнуда на пари од страна на градоначалникот, туку едноставно на Јовановски му била активирана банкарска гаранција за проект кој не го испорачал, а парите завршиле во касата на оптината.
Но, кога сме кај изнудите и господинот Јовановски, до нашата редакција пристигнаа неофицијални информации дека скопскиот бизнисмен Мите Јовановски бил закана и уцена и од градоначлникот Велимир Смилевски во општината во која живее. Според информациите за кои се коментира во чаршијата, Велимир Смилевски преку луѓе дел од скопското подземје и негови блиски соработници меѓу кои и веќе починатиот Камбер изнудувал пари исто така од бизнисменот Јовановски. Дали се точни овие обвинувања оставаме да истражи јавното обвинителство.
Ова не е прв слушчај градоначалникот на Бутел Велимир смилевски да се поврзува со подземјето и криминални групи кој ја нарушуваат безбедноста клао во Бутел така и во Скопје.