Еден од консултантите на мостот „Беласица“ професор Санде Атанасовски, во интервју за МИА оценува дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација, но за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура.
Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, има работено на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба.
Тој оштетувањата на мостот ги дели на две категори, помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања.
Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес, како и дека според прописите кои не наложуваат, но и според проценките на тимот кој работел на идејата за мостот не била предвидена можната опасност од пожар.