Коста Кецмановиќ ни на секунда не покажал каење за монструозниот чин, не поставил прашање на за жртвите, се грижи само дали станал популарен поради неговиот ужасен чин.

„Зборуваат ли сите за мене“? , „Дали јас сум цар на мрежите“? – ова се единствените прашања што Коста (13) им ги поставува на персоналот на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, каде што е сместен откако минатата среда уби осум соученици и чувар, дознава српска Република.

Како што открива изворот на Републиката од институцијата каде што бил затворен, тој никогаш не покажал интерес за децата, не покажал ни трошка сочувство на крајот на краиштата, единствено што го интересира е колку е популарен.

Ладнокрвен!

-Секој ден барем еднаш прашува што се случува надвор, дали зборуваат за него, што зборуваат, особено на социјалните мрежи. Го држи некоја возбуда, се уште не е воопшто свесен што направил, вели соговорникот.

Коста е под будното око на персоналот. По пристигнувањето бил на разговор од лекарскиот совет, а прегледи имал и претходниве денови. Сепак, тој сè уште не покажува знаци на каење за убиството на своите школски другари, како што не покажа за време на неговото сведочење.

-Тоа не треба да чуди ако се земе предвид дека момчето цел месец го подготвувал суровиот план како што самиот изјавил и што покажало вештачењето на неговиот телефон. Имено, како што било утврдено, тој на интернет го пребарал Кривичниот законик на Србија за да истражи дали децата можат кривично да одговараат. Бидејќи во јули ќе наполнел 14 години, го забрза целиот план. Исто така, како што беше утврдено, ноќта пред масовното убиство, тој гледал американски блокбастер за масакр во училиште во Америка, пренесе порталот.