Првичните резултати од стручната анализа, покажуваат дека мостот Беласица е безбеден за сообраќај, но засега по една коловозна лента, објавува Канал 5.
Скопјани ќе мора да бидат уште малку трпеливи, градоначалничката Арсовска нема да ја подигне рампата на мостот Беласица, додека не добие целосна анализа дека е безбеден. Првичните испитувања на експертите покажале дека мостот можат да го користат пешаци и велосипедисти, а и да се отвори по една коловозна лента. Сепак, експертите и посочиле дека за 20 дена ќе и достават целосен извештај со презицни и точни информации, па ако иститот гарантира безбедност, во најбрз можен рок мостот ќе почне повторно да се користи…
„Верувам дека сите граѓани знаат дека нивната безбедност и сигурност е нешто што е на прво место и тоа значи, до оној момент, додека не сме убедени дека нивната безбедност и сигурност ќе бидат заштитени со пуштањето на сообраќајот ние нема да преземеме ништо посериозно со што би ги довеле овие безбедност и сигурност во прашање.
На прашањето дали станува збор за саботажа на мостот, Арсовска посочи дека првичните информации кои ги добила од истражните органи укажувале дека пожарот е подметнат… Очекува ургентност од надлежните институции што побргу да го разрешат случајот, а сторителите да се изнесат пред лицето на правдата, бидејќи ја загрозуваат јавната безбедност…
„Самите институции треба првенствено да постапат во насока на тоа да се најдат сторителите и истите да бидат санкционирани, повторно напоменувам, во рок од 7 дена имавме втор таков случај, каде што беше еден практично обид да се предизвика хаварија.
Мостот „Беласица“ не се користи од средината на минатиот месец. Беше запалена електрична инсталација, имаше одрони од бетонот, а беше запалена и обвивката од цевководите за парно греење…