Држава со сериозен безбедносен и здравствен систем, во моментов би требало интензивно да работи со сите членови на партијата Десна/Трета, кои не биле дел од грозоморниот чин.

Пишува: Љупчо Златев, главен и одговорен уредник на Радио Лидер

Со тие луѓе треба да работат тимови на психијатри и психолози, кои безбедно по нивното здравје да им објаснат дека биле дел од Нацистички-Култ во кој его манијак им го перел мозокот. Без професионална асистенција нивното сознавање може да биде опасно како по нив, така и по околината. Овие луѓе се наши сограѓани, соседи кои ги гледаме на улица и заслужуваат да продолжат да живеат во општеството, растоварени од интензивната индоктринација. На секој кој малку се разбира во иконографија, реторика, вординг и методи на индоктринација, јасно му е што правеше Палевски.
Можеби култот не заземал голем замав, но, сепак треба да се работи со тие луѓе

Во исто време, потребно е независна истрага да утврди дали овој наци-култ е создаден од безбедносните служби, кои поседуваат свои медиуми кои му дадоа платформа за ширење на омразата и прибирање на нови членови. Наместо да пристапат вака, тие одлучија да не убедуваа дека за 500 евра го убиле човекот…, завршува на крај Златев