Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека апликациите за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ се во процес и конечната одлука се очекува во среда до четврток.
На прашањето за учеството на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на настанот, Османи напомена дека се уште не е дефинирано кој ќе ја предводи делегацијата на Русија поради затворениот воздушен простор во нашата земја и соседните земји за високи претставници на руското Министерство за надворешни работи.
Од 29 ноември до 1 декември во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи 30. Министерски совет на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат 76 делегации од земјите членки и партнери на ОБСЕ и 1.000 гости во делегациите. Во неодамнешната промоција на соодветна поштенска марка по повод големиот настан, Османи го изрази своето задоволство од подготовката на организацијата и очекува на овој историски министерски совет во Скопје да присуствуваат најголем број министри на ОБСЕ.