Историски пресврт: Македонската химна испеана во целост на приемот на бугарската амбасада

Односите на релација Софија – Скопје веројатно конечно омекнуваат. По години на тензии и недоразбирања, на официјалниот прием во бугарската амбасада во Скопје, по повод 3 март – Денот на ослободувањето од турското ропство, за првпат беше испеана целосната верзија на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Овој настан се смета за значаен чекор кон подобрување на македонско-бугарските односи.

Зошто ова претставува пресвртница?

Досега, на дипломатските настани организирани од бугарската амбасада, и македонската и бугарската химна беа изведувани само инструментално, без стихови. Причината лежеше во историските разлики, особено во втората строфа на македонската химна, каде што се спомнуваат Крушевската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански – личности кои се предмет на различни толкувања во двете историографии.

Оваа година, тоа не беше пречка, што укажува на можно омекнување на официјалниот бугарски став. Ваквиот чекор отвора простор за нова етапа во билатералните односи и позитивни ефекти на релација Софија – Скопје.

Политичка порака и промена во дипломатскиот пристап

Приемот беше прв од ваков вид откако Жељаско Радуков ја презеде функцијата амбасадор на Бугарија во Македонија во септември минатата година. Овој чекор се толкува како сигнал за нов пристап во односите меѓу двете земји.

Историчарот Тодор Чепреганов за Нова Македонија смета дека ова е позитивен чекор и можен знак дека Бугарија сфаќа дека со притисок и наметнување на историски наративи не може да постигне прифатливо решение.

Секој народ има своја историја, и како ќе ја интерпретира е негов избор. Почитувањето на различните историски мемории е основа за подобрување на односите – вели Чепреганов.

Геополитички контекст и идни перспективи

Настанот се случува во време на глобални геостратегиски превирања, што значи дека малите земји, особено соседите, мора да работат на заедничка соработка и стабилност.

Аналитичарите посочуваат дека оваа дипломатска промена може да отвори можности за продлабочување на дијалогот и зацврстување на регионалната стабилност, особено во контекст на македонските евроинтеграции.

Нова влада во Бугарија

Во претходните години бугарската амбасада во Скопје за многу прашања беше пасивна. Во секој случај, ваквото омекнување на односите доаѓа по новата владата во Бугарија

Во јануари годинава Бугарија конечно доби нова Влада. Нов премиер е Росен Жељазков.

Бугарија конечно доби нова Влада: Жељазков избран за премиер

Во оваа влада се дел од поранешните министри од техничката влада предводена од поранешниот технички премиер Димитар Главчев.