До Нова година остануваат 16 дена, но засега нема конкретни детали за тоа каква ќе биде програмата за Новогодишната ноќ во Град Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред речиси една недела кажа дека ќе има прес-конференција на која ќе се истакнат сите работи кои ќе се одвиваат, односно украсувањето и програмата, но засега нема конкретни потези, а времето полека тече.
На плоштадот „Македонија“ во главниот град на државата веќе „никнаа“ куќички кои најверојатно ќе бидат дел од програмата, но од надлежните органи засега не се откриваат повеќе детали.