Хајко Мас порача дека неговата земја е свесна дека процесот на дијалог за нормализирање на односите со Приштина не е лесен, но смета дека тоа би бил придонес што ќе ги развие и економските предности.

-Србија е против замрзнат конфликт, затоа што некој може да го одмрзне. Суштината на напредокот на Албанците и Србите е мирот, кажа Вучиќ.

Тој потенцираше дека за Србија е важно да се исполни досега договореното, пред се, Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српски општини.

Говорејќи за регионот, Вучиќ истакна дека Србија „ќе игра апсолутно конструктивна улога“, истакнувајќи дека не е заинтересирана за територии на другите, туку за соработка.

Потсетувајќи дека Германија го признала Косово како независно, тој рече дека таа земја е „силно заинтересирана“ за продолжување на дијалогот под покровителство на ЕУ.

Германскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја е свесна дека процесот на дијалог за нормализирање на односите со Приштина не е лесен, но смета дека тој би бил придонес што ќе ги развие економските предности.

-Ние ја даваме секоја поддршка на тој процес и ги поддржуваме ЕУ и Мирослав Лајчак кои посредуваат во тој дијалог, кажа Мас.

Тој оцени рече дека „во двете земји се формирани влади со стабилно парламентарно мнозинство“ и дека сега е вистинското време да се продолжи со дијалогот за нормализација и да се постигнат резултати.

-Подготвени сме да учествуваме и да придонесеме за тоа. Дијалогот не мора да се ресетира, посочи Мас и истакна дека тоа го рекол и во Приштина и во Белград.

Мас додаде дека секоја земја на Западен Балкан ја одредува својата брзина за влез во ЕУ и затоа се потребни дополнителни напори за реформа во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

-Гледаме колку е успешна Србија во вакцинирањето, тоа се следи во Европа и колку сме поуспешни во тој процес, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот, додаде Мас.

Тој кажа дека е потребно што побрзо да се вакцинираат луѓето во ЕУ и Германија и дека неговата земја ќе испрати 650. 000 дози вакцини преку програмата Ковакс до соседните земји и на Западен Балкан.

Мас оцени дека нема причина да не се користи руската вакцина ако се одобри од ЕУ, истакнувајќи дека производителите доцнат со испораките.

-Убедени сме дека можеме да ја надминеме кризата само ако имаме фер дистрибуција на вакцини низ целиот свет, тоа не треба да се комбинира со политичка покорност, кажа тој и повтори дека сите ќе бидат безбедни ако сите се вакцинираат.

Парите од 12 милијарди евра, што е пакет на ЕУ за регионот, нагласи Мас, треба добро да се искористи за економско зајакнување на регионот, Србија и Унијата.