Додека е актуелна темата за техничка влада и премиер Албанец со неочекуван и изненадувачки коментар се огласи Артан Груби кој наведува дека можно е да биде жена.
-Би било добро да е дама, госпоѓа, па ќе видиме, може ќе се изненади јавноста пријатно, рече Груби, прашан дали за технички премиер може да очекуваме жена.
Вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вели дека следната недела на лидерска средба во Собранието ќе се одлучи дефинитивно за датумот на изборите.
Груби потсетува на договорот со Зоран Заев за премиер Албанец.
Првиот Албанец премиер не беше условен со пржинската влада или техничката влада, туку тогашниот премиер Заев рече дека ќе се повлече од неговата позиција пред изборите за да овозможи фер политички натпревар.