Данска планира наесен да им понуди четврта доза вакцина против Ковид-19 на луѓето постари од 50 години, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен, објавувајќи ја стратегија за борба против ширењето на коронавирусот во следните месеци.
Иако стапката на зараза со Ковид-19 е сè уште ниска, Данска забележа зголемување на случаите со новиот сој на Омикрон БА. 5, што изгледа се шири побрзо од другите соеви и стана доминантен во земјата.
– Не сме изненадени што се појавуваат нови соеви и што инфекцијата може да се шири побрзо, но сепак се случи порано од очекуваното. И затоа треба да реагираме и затоа постапуваме сега, посочи Фредериксен.
Таа додаде дека ранливите групи ќе можат да добијат дополнителна доза вакцина веќе од следната недела.