Дишо бил новинар и уредник во весникот „Бирлик“ и списанијата за деца на турски јазик „Севинч“ и „Томурџук“.
– Нусрет Дишо со посебни емоции ја сподели својата приврзаност и љубов кон нашето Скопје, велејќи дека ниту еден друг град не може да ја замени неговата убавина, што дополнително ми дава мотив заедно да делуваме за Скопје, како град во кој ќе се почитуваат и унапредуваат културните разноликости кои се срцето на овој град. Неговата поддршка ми е мотив за победа, истакна Данела Арсовска.
Како спомен за оваа средба Нусрет Дишо Улку и подари стихозбирка „Затворена љубов отворено писмо”, напишана на македонски и турски јазик.