На средбата се разговарало за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот.
– Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани, информира Арсовска преку објава на „Фејсбук“.
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска информира дека остварила како што вели, конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива.