По објавената сторија на главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев и неговите тврдења за „депонијата“ на плоштадот на центарот на градот, сепак се испостави дека е во право. Дури и волонтерите ја потврдија неговата сторија.
Стаусот на Златев го пренесуваме во продолжение.
ДАНЕЛА АРСОВСКА ГИ ИЗБРКА СТУДЕНТИТЕ КОИ СОБИРАА ДОНАЦИИ ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА НА ПЛОШТАД – МЕНЕ МИ СЕ ЗАКАНУВА СО ТУЖБА ЗАТОА ШТО ОБЈАВИВ!
Откако вчера објавив дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска испратила инспектор кој од плоштадот ги избркал студентите кои собираат помош за загрозените од земјотресот во Турција и Сирија, добив низа на навреди и закани од Град Скопје.
Од прес службата на Данела Арсовска ме нарече таканаречен новинар, клеветник и лажго затоа што сум дезинформирал дека со зборовите “Тргнете ја депонијата”, инспектор од град Скопје испратен од Данела и нејзиниот генсек, им наредил на студентите да го тргнат кампот за помош од плоштад.
Пред малку разговарав со волонтерската Христина Панева со која договоривме интервју на темата. Таа во изминатите денови заедно со студентите собираше помош на плоштадот. Токму на неа и се обратил инспекторот, кој им наредил да го тргнат кампот за помош. Панева ми потврди дека напишаното од мене дословно ја пренесува случката, со дословно пренесен цитат.
Арсовска ми порача да и се извинам за 48 часа, инаку ќе ме тужела. Па, слободно нека ме тужи, затоа што фактите и вистината се на моја страна, а таа очигледно одамна е скарана со вистината. Се сеќавате дека ќе тужеше кога објавија дека има бугарски пасош, каде е тужбата? Веројатно така ќе биде и ова…
Вистината е на моја страна, затоа што денеска се собира кампот за донации на плоштад. Токму поради наредбата на Арсовска. Оваа жена не може да направи јасна линија помеѓу вистината и нејзината имагинација, тоа е доказ дека не е деловно способна за функцијата. Институциите мора да преземат нешто.