Данела Арсовска го искоментира потегот на Петре Шиелгов, кој кога девојка падна зад него, тој продолжи со неговиот говор. Таа вели дека тој е агресивен, а ако не помага на неговите соработници, прашува како би помагал на скопјани?
Јас сум жена и мајка. Ме фрапира агресивноста од спротивната страна, која не препознава кога на некој што стои покрај него, кој е дел од неговиот тим, кога ќе падне и кога ќе му се слоши треба да се завртите и да му помогнете, да го дигнете и да видите дали е во ред. А не да продолжите да зборуваме и да не се свртите што се случува. Треба да се грижите за луѓето околу вас. Ако не се грижите за своите соработници, како ќе се грижите за луѓето околу вас? На Скопје не му треба алчни и арогантни луѓе – рече Арсовска.
Девојка се струполи од бината на вчерашниот предизборен митинг на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов во паркот „Ибни Пајко“ во Кисела Вода.
Како што може да се забележи од видеото, додека Шилегов говори пред граѓаните за идните проекти, една од девојките кои стоеја зад неговиот грб одеднаш падна од бината. Актуелниот скопски градоначалник на кратко се сврте, но веднаш продолжи да зборува пред граѓаните.
Засега не е позната здравствената состојба на девојката, а некои медиуми објавија дека таа е кандидатка за советник во Град Скопје од редовите на СДСМ.