Да се пријавите дека од здравствени причини не сте во состојба да присуствувате на седница, а наредниот ден во добра општа физичка состојба (за психичка ќе треба допилнително да се докаже) се појавувате на телевизија и мудро ги избегнувате одговорите на поставените прашања… не преостанува ништо друго туку да помислите дека денот ви бил потребен за една добра подготовка за тв настан во кој сите се виновни, а вие сте жртвата на која некој и се заканувал, коментира Жаклина Шопова, советник во Советот на Град Скопје, за интервјуто на скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Па сега јавноста, сигурно ќе ве сожалува, а вие повторно ќе ја оставите таа јавност без одговори за хаосот во градот, за раскопаните улуци, за јавниот превоз, за тоа колку потрошивте за новогодишните украси,…и за многу , многу други прашања, не само што ви ги постави водителот, туку и на советниците кои постојано ве прашуваат.
Зад сите ваши вообичаени изрази на чесност, институционално и системско решавање на проблемите , да не се крие можеби нешто друго…како на пример свој политички маркетинг или можеби грешам!?
…и јас ќе се послужам со вашите зборови:
“Да оставиме времето да ни го покаже тоа”.
Но мора да се потсетите дека граѓаните се тие кои го имаат последниот збор!, порача Шопова.