Епидемиологот Драган Даниловски во изјава за „Фактор“ посочува дека епидемиолошката состојба во Македонија дозволува маските да се симнат веднаш и тоа да важи за сите, совен за повозрасните и тоа во затворени простории.
Јас одамна се заложив маските да се симнат за сите ученици! Штетата по нивното ментално здравје ја надминува штетата од ковидот. Сепак, Комисијата за заразни болести препорача тоа да се стори прво само во основното образование, а за средношколците да се почека. Според мене, сосема непотребно, зашто епидемиолошката состојба дозволуваше маските да се симнат веднаш за сите. Епидемиолошката ситуација е таква што веќе е сосема доволно да се препорача носење маски во затворен простор само на постарите граѓани и на оние кои имаат хронични болести. Сертификатите за вакцинација треба сосема да се укинат, вели проф. Даниловски.
Истовремено, епидемиологот оценува дека е „бесмислено и вон секоја стручна логика студентите сѐ уште да следат настава на далечина (“онлајн”).
Само дополнително и непотребно понатаму ќе се урива квалитетот на наставата. Маски да носат само вакцинираните со две дози или прележаните, но само ако од втората доза, односно прележувањето не поминале повеќе од 3-5 месеци, нагласува проф. Даниловски.