Во периодот од 04.08 до 10.08.2025 година, Управата за јавни приходи спроведе теренски контроли кои ја зајакнуваат даночната дисциплина

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација. Насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели. Бутици, колонијали, цвеќарници, месарници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало, информираат од УЈП. Контролите беа реализирани низ државата. Вклучувајќи и туристички места со зголемена фреквенција на посетители. Со цел да се зајакне даночната дисциплина и да се обезбеди доследно почитување на законските обврски.

Од вкупно 383 контролирани субјекти, кај 27% односно кај 106 од нив биле констатирани неправилности. Согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени се 106 прекршочни санкции. Глоби, кои ќе бидат одмерени според големината на субјектот.

За пет субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна:

  • Во Струга, Охрид и Битола извршени се 124 контроли, а утврдени се 21 неправилности, од кои 5 во Струга, 10 во Охрид и 6 во Битола;

  • Во Прилеп, Неготино, Кавадарци и Велес извршени се 20 контроли, а утврдени се 10 неправилности, од кои 3 во Прилеп, 1 во Неготино, 3 во Кавадарци и 3 во Велес;

  • Во Тетово, Гостивар, Маврово и Дебар извршени се 126 контроли, а утврдени се 61 неправилност, од кои 34 во Тетово, 25 во Гостивар, 1 во Маврово и 1 во Дебар;

  • Во Куманово извршени се 51 контроли, а утврдени се 6 неправилности;

  • Во Радовиш, Струмица, Дојран, Валандово, Делчево и Гевгелија извршени се 62 контроли, а утврдени се 8 неправилности, од кои 3 во Радовиш, 3 во Струмица и 2 во Дојран.

Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи. Со цел да придонесат кон унапредување на даночната дисциплина во државата.

Управата за јавни приходи ќе врши и вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници, според Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска, туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување.

УЈП останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници, велат од Управата, со цел континуирано зајакнување на даночната дисциплина.