Данокот на имот – различни слики низ Европа
Даноците на имот стануваат сè поважна тема во Европа, со оглед на нивното влијание и врз буџетите и врз пазарот на недвижности. Податоците на Европската комисија за 2023 година покажуваат големи разлики: од 0,3 проценти од БДП во Чешка и Естонија, до 3,7 проценти во Франција. Просекот во Европската Унија изнесува 1,9 проценти. Во пошироки рамки, Обединетото Кралство е израмнето со Франција на врвот со 3,7 проценти. Белгија е трета со 3,2 проценти.
Приходи и удел во даночната структура
Најголем апсолутен приход во 2023 година доаѓа од Обединетото Кралство – 115 милијарди евра, а следи Франција со 104,5 милијарди. Италија, Германија и Шпанија исто така се високо на листата. На ниво на ЕУ, вкупните приходи од даноци на имот достигнале 318,8 милијарди евра.
Сепак, во десет земји-членки сумата не достигнала ниту една милијарда евра, а Естонија е на дното со само 110 милиони. Гледано како удел во вкупните даноци, Франција предничи со 8,4 проценти, а високи удели бележат и Белгија, Грција, Шпанија и Португалија. Германија е далеку под просекот со 2,5 проценти.
Хрватска и новите предизвици
Хрватска се наоѓа на средина со учество од околу еден процент од БДП. Со новиот данок на имот, кој ги заменува претходните даноци за куќи за одмор, се оданочуваат недвижнини што не се користат за живеење, туку за издавање во туристичката сезона. Покрај тоа, данокот на пренос на недвижности изнесува три проценти од вредноста на купениот имот.
Шпанија со 100 отсто данок
Во Шпанија, пак, силна дебата предизвика предлогот за воведување данок од 100 проценти за купувачи од земји надвор од ЕУ, со цел да се намали притисокот врз домашниот пазар. Експертите предупредуваат дека ваквите мерки мора да бидат внимателно координирани за да дадат ефект и да не создадат непредвидливи последици на пазарот на домување.
Извор: Независен