Данска ги олесни КОВИД правилата за влез на државјаните на Македонија.

Инаку, со најновата одлука на италијанските власти, Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Македонија во Италијанската Република. Притоа на нашите државјани им се дозволува влез исклучиво за: работни потреби; апсолутна итност; здравствени потреби; потреби за студирање; враќање во својот дом или живеалиште.

Враќање или влез во Италија, се дозволува за оние државјани на Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството. При влез или враќање во Италија од нашата држава задолжително е презентирање на: Пополнет онлајн формулар за локација (dPLF), негативниот резултат на молекуларен или антигенски тест покрај што сепак следува задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест.