Владата и мнозинството во Парламентот се договорија од 21 април да се отворат рестораните и кафулињата, а исто така се зголемува бројот на лица од 10 на 50 на отворено.

Данска го избегна третиот бран на пандемијата откако воведе ригорозни рестриктивни мерки во декември, со што дневната бројка на инфицирани лица се движеше од 500 до 700 на дневно ниво, додека во декември имаше по неколку илјади заразени луѓе.