Поранешниот директор на царинската управа, Драган Даравелски пд денеска е  спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје.

Медиуми вчера известија дека тој веројатно ќе помине само една ноќ во затвор, затоа што казната му застарела.

Тој вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце, а наводно се предал сам.

Даравелски во 2007 беше осуден во отсуство за злоупотреба на 2 милиони евра, но беше 15-тина години во бегство во Србија.