Надзорниот одбор го избра Дарко Јаневски за генерален директор

Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје, на денешната седница, го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на Македонската информативна агенција (МИА).

Дарко Јаневски е дипломиран правник од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има богато новинарско искуство стекнато во повеќе национални медиуми.

Биографија на Дарко Јаневски:

  • 1996 – 1999: Новинар во неделникот Фокус

  • 1999 – 2000: Заменик-главен уредник на Фокус

  • 2000: Уредник-коментатор во Нова Македонија

  • 2000 – 2003: Заменик-главен уредник во Вечер

  • 2002 – 2004: Новинар во неделникот Пулс

  • 2005 – 2009: Повторно новинар во Фокус

  • 2009 – 2012: Новинар во Нова Македонија

  • 2012 – 2013: Заменик-главен уредник на Нова Македонија

  • 2013 – 2017: Главен и одговорен уредник на Дневник

  • 2017 – 2018: Уредник и водител на „Без ракавици“ на ТВ Алфа

  • 2018 – 2025: Уредник на порталот Денешен.мк

На истата седница, Пандорка Арсовска Гацова е избрана за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Таа е долгогодишен новинар во МИА, поранешен член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција од 2006 до 2017 година.

Надзорниот одбор го констатираше престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО, Драган Антоновски, како и на Ана Цветковска, член на УО задолжена за генерален сервис на вести.

Извор: А1он