Тој е кандидат за член на Совет на Општина Куманово на независната листа чиј носител е Ивана Ѓорѓиевска, а за ,,Фокус” раскажува што било пресудно да се реши на големата промена, од шоу бизнис, да влезе во политички води.

-Во Куманово ме знаат како голем поборник за напредок во спортот, и токму тоа беше главниот мотив да се кандидирам, со поддршка од актуелниот и независен кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски. Ниту на една, ниту на друга страна, туку на независна листа, бидејќи сум подготвен да се борам на свој начин за да донесам промени и напредок на полето на спортот – вели Дарко, кој работи како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово.