Утрово во студиото на Радио Лидер гостин е Сашо Давитковски, поранешен претседател на управниот одбор и генерален директор на Скопски пазар. Тој ексклузивно за нашиот медиум открива што сѐ може да направи една корумпирана судска власт. Тој во емисија открива каков апсурд може да има за личен интерес.

Давитковски на стартот на емисијата потсети дека уште во 2019 година тој се повлекол од Скопски пазар, а отпосле започнала неговата голгота. Сепак, и пред 2019 година имало чудни работи кога компанијата „Современ дом“ влегла во Скопски пазар.

Уште пред 2016 година акционери на чуден начин станаа акционери со компанијата „Современ дом“. Купија акции во Скопски пазар во износ од 25 отсто од капиталот на друштвото. Како и сите други акционери, носеа одлуки разговаравме за развојот на компанијата, меѓутоа нивната интенција не беше позитивно насочена. Тоа на крај ескалираше со кривични пријави против нас. Конкретно, против раководството на друштвото за донесени одлуки на Собрание на акционери каде се знае не одговара акционерскиот капитал кога се носат акции со мнозински број на гласови се знае дека тоа е волјата на акционерите.

Сашо Давитковски смета дека уште од почетокот купувањето акции на „Современ дом“ во Скопски пазар е чудно. Во истиот тој период оваа компанија добивала многу кредити додека на нејзино чело е Ацо Дудулоски.

Новинарот Љупчо Златев за време на емисијата потсети дека согласно законите во Македонија забрането е да купувате акции со пари од кредит. Тоа е така затоа што кога со кредитирани пари купувате акции можно е банката да ја преземе компанијата. Со ова се прекршени законите за заштита од конкуренција и за хартии од вредност.

Ние бевме зачудени бидејќи податоците на македонската берза хартии од вредност се јавно достапни за јавноста. Секое АД вклучувајќи го и „Современ дом“ е должно да ја известува јавноста во своите постапки. Во тоа време имаше едно чудно и несекојдневно совпаѓање за зимање кредити во една македонска банка заради што тие беа должни да ја објават информацијата. Сепак, во информацијата што ја дадоа стоеше дека тие заложуваат имот на друштвото „Современ дом“ од Прилеп за во износ скоро сличен на тие пари што дадоа акции во Скопски пазар наменски е одобрен кредит за купување опрема и обновување на халите во поранешен „Црн бор“. Тоа беше фабрика за производство на мебел. До ден денес не се обновија халите туку со тие пари беа купени акции во Скопски пазар. Кој сака може да провери, вели гостинот Сашо Давитковски за Ацо Дудулоски

Погледнете повеќе ТУКА.

КАКО ВЕСНА ДАМЕВА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ СУДСКИ ГО ОГРАБУВААТ ПОРАНЕШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА СКОПСКИ ПАЗАР

Целата емисија ќе биде достапна на нашиот јутуб канал.