Во синоќешното гостување во емисијата Клик Плус на Телевизија 21, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на пратеници е одличен.

ТВ21: Има идеа и во програмата а и ВМРО-ДПМНЕ предлага евентуално намалување на бројот на пратеници од актуелните 120 на 90. Сметате ли дека тоа е во ред?

– Одличен предлог дури и помалку можат да бидат, зошто одличен? Ние во науката велиме дека обично бројот на пратениците е кубен корен, така се пресметува математички од бројот на жителите на гласачите значи оние коишто гласаат и кога ќе споредите со Словенија, Црна Гора навистина 120 пратеници е многу. Секоја реформа на една одговорна власт треба да почне од самата неа гледајте со какви проблеми се соочуваат пратениците тоа е првата причина, втората причина е знаете што се случува не е многу пријатно. Ја паметам госпоѓа Дорис Пак иконата пратеничка кога рече да ме нема неколку дена во Бундестагот граѓаните ќе почнат да критикуваат што прави таму каде е. Дали знаете вие дека па ни 20-30 пратеници не кажале ниту еден збор во парламентот. Толку од прилика не се појавуваат а примаат плата, рече кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.