Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
На церемонијата ќе присуствуваат бројни светски лидери, кралски семејства и високи претставници на меѓународни организации, вклучувајќи претседатели и премиери од повеќе земји, како и претставници на ЕУ, НАТО, УНЕСКО и ООН.
Во оваа значајна комеморација, говори ќе одржат само преживеаните од логорот, како последни сведоци на страдањата за време на Холокаустот.
Покрај посетата на Аушвиц, Сиљановска-Давкова ќе го посети и Јагелонскиот универзитет во Краков, каде ќе се сретне со про-ректорот и ќе учествува во културни активности.