Шпанскиот голман одбрани два пенала, од кои едниот беше поништен, но и тоа не беше доволно за Јунајтед да стигне до позитивен резултат.
– Начинот на кој игравме денеска беше срамен.
– Првото полувреме беше катастрофално, тоа е недозволиво за овој клуб и квалитетот на фудбалерите кои настапуваат. Ова беше уште еден кошмар.
– И другпат сме биле во комплицирани ситуации, но сега не знам што да кажам, не знаеме што да правиме со топката и примаме многу голови. Тешко е да се биде во нашата соблекувална, јас лично сум многу лут, – изјавил Де Хеа.