Државната изборна комисија ги објави резултатите по обработени 99% од гласачките ливчиња во Македонија, во првиот круг од претседателските избори.

Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски висока, над 179 илјади гласови повеќе во однос на својот противкандидат.

Силјановска-Давкова има 362.650 гласови, Пендаровски има 180.296.

Од останатите кандидати на третата позиција е Бујар Османи со 120.892 глас, Арбен Таравари 83.356, Максим Димитриевски 83.784, Билјана Ванковска освои 41.171 и Стевчо Јакимовски со 8.101 глас.

За претседател на државата гласале 48,46 проценти од гласачите или 7 отсто повеќе од изборите во 2019 година.

За избор на седмиот претседател на државата, според податоците на ДИК до затворањето на гласачките места, од вкупно 1.814.317 запишани избирачи, гласале речиси 900 илјади граѓани.