– Се наближуваат празниците па одлучивме и нашиот град да добие новогодишно руво, што го заслужуваат граѓаните, а на што на најмногу се радуваат најмладите. За украсувањето ги искористивме елката и реквизитите од минатата и претходните години. Нешто што беше со некој недостаток го средивме со минимални средства, вели Или Мирзо секретар на Општина Дебар.

Според него општината нема издвоено посебни средства за украсување.

Во центарот на градот е поставена украсена новогодишна елка, каде децата обожуваат да се фотографираат, како што беше и Ева Спахиу, кога и ние бевме тука.
Има светилки долж главната улица, како и светлосни реквизити во градкиот парк.

Сопствениците ги украсија витрините на своите трговски и угостителски објекти, новогодишни реквизити има и на многу балкони, прозорци а новогодишните елки го красат сечиј дом.